Празнични елки (декорација од колбаси)
Предлог за празниците кои следат.
Поминаа Новата година и Бадник, но доаѓаат Божиќ и Стара нова година.
Ајде да издекорираме и да ни биде трпезата интересна.
1. Колбасите исечете ги на парчиња кои ќе одговараат да направите елка. Јас ги редев едно парче пушени колбаси, едно парче виршла. Ги редев на стапче од ражничиња, па на врвот им ставав звеѕда извадена со калап од парче кашкавал.
2. Така спремни ги запржив многу малку од двете страни. Ако сакате да не ви се растури звездата тогаш ставете ја после пржењето.
Декорирав со парчиња црн бибер во зрно,свеж копар и магдонос.
Направете ги вашите трпези со задооволство за да бидат вистинско уживање во празниците кои следат.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови