Новогодишни бисквитни колачиња
За тестото
Пенесто се матат маргаринот и шеќерот во прав. Во нив се додава јајцето и потоа и сите останати состојки. Се замесува тесто кое за да ви биде полесно за работа може да се остави малку во фрижидер.
Од тестото се развлекува кора на набрашнета површина со дебелина од 4-5 мм.
Со помош на модли се вадат колачиња. Во мојот случај направив само елки и ѕвездички.
Добиените колачиња се ставаат во тавче обложено со хартија за печење. Но истотака можат и да се печат и на подмачкано тавче со зејтин.
Колачињата се печат околу 15 мин се додека да заруменат.
За декорацијата се растопуваат и двете чоколади одделно, може прво со едната чоколада да се декорира , па потоа со другата чоколада за да не се стегнат чоколадите.
Само горниот слој на колачињата се брцнува во чоколада и врз него се поросува или кокос во боја, којшто може сами да го направите доколку му ставите прехрамбена боја или шеќерни трошки шарени.
Колачињата можете да ги брцнете само половина и пак да се брцнат во кокос или шеќерни трошки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови