Оваа убавина за непце ме потсеќа на турските слатки иако во него нема шербет. Комбинацијата на состојки што ја ставам ви кажува се, за овој прекрасен десерт, кој е и посен, вегетаријански и исклучително вкусен.

Подготовка
1. Сокот од мандарини и медот ги ставаме на тивок оган. Тиквата ја сечкаме на многу ситни коцки и ја ставаме во сокот да врие на тивко 10 минути. Потоа ги додаваме и смоквите кои треба да ни омекнат и сето заедно го вриеме 10 минути.
2. За тоа време ги сечкаме фстаците.
3. Оставаме состојките малку да се оладат, па ги вадиме смоквите, а тиквата ја процедуваме од сокот. Сокот ќе го сочуваме дека ни треба за печењето.
4. Тиквата ја соединуваме со фстаците, сусамот и циметот.
5. На секоја смоква и ја отсрануваме дршката и правиме засек во форма на крст со ножички.
6. Со мала лажичка ги полниме смоквите со смесата од тиква. Ги затвораме при врвот и ги ставаме во тава за печење.
7. Ги прелеваме со сокот и ги ставаме да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 10-15 минути.

Забелешка
Може да ги направите и со сок од портокал, а за полнење можете да ставите и друго сушено овошје, на пр. суво грозје, суви кајсии и сл.
После печењето, во тавата ќе ви остане медот, па можете со него да ја прелиете секоја смоква поединечно.
Препорачувам за овој десерт да купите смокви рефус, ама не пресовани т.е. секоја да е сушена поединечно зошто се поубави за полнење, иако овој пат јас користев пресовани исто купени рефус, односно си ја бирав големината.
Може да биде и вегански доколку наместо мед се стави агаве сируп или друго сладило.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани