Најмеките кифлички во форма на мафинчиња како цвет, кои освен што се декоративни, истовремено се и превкусни. Се надевам дека ќе ги пробате и вие и дека ќе бидат често застапени на вашата трпеза, како кај нас.

Подготовка

1. Во длабок сад ставаме 150 мл од млекото, квасецот и шеќерот, мешаме и оставаме неколку минути да се активира квасецот.
2. Потоа го додаваме останатото млеко, маслото, киселото млеко и на крај го додаваме брашното (претходно просеано и соединето со солта). Замесуваме меко глатко, нелепливо тесто. Тестото го ставаме во намрсен сад со масло, па го покриваме со крпа, го ставаме во ќесе и го оставаме на топло место да стаса.
3. Откако ќе стаса тестото, на набрашнета работна маса го премесуваме тестото и сукаме кора со дебелина од 4 мм.
4. Сега со помош на чиниче со дијаметар од 10 цм сечеме кругови. Секој круг го засекуваме на 6 места (видете додатни слики). Во средината ставаме 1 м.л. урда, па формираме цветче со подигнување на пресечените делчиња, едно по едно, редоследно.
5. Секое формирано мафинче го ставаме во калап за мафини (претходно премачкан со маргарин). Ги покриваме со крпа, и ги оставаме да стасаат.
6. Стасаните кифлички ги премачкуваме со жолчката и млекото, па одозгора наросуваме сусам. Печеме во загреана рерна, на 190 степени, до заруменување (јас печев околу 25 минути).
7. Испечените кифлички ги премачкуваме со маргарин, ги покриваме со крпа, нека постојат така 5-10 минути. Ги послужуваме топли со чаша јогурт.

*Забелешка - Од оваа доза мене ми испаднаа 20 мафинчиња.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани