Досега имав објавено рецепт за кифлички меки како душа, но овие се многууу помеки и повкусни. Топло ви ги препорачувам да ги направите и да се уверите во истото. Рецептот ми е од мојата тетка, која ги прави многу години уназад. Поздрав до неа.

Подготовка

1. Се замесува меко тесто (без претходно активирање на квасецот) од наведените состојки. Замесеното тесто со намрсени раце го доформираме и го покриваме со најлонско ќесе, па го завиткуваме во чаршафче и го оставаме на топло место да стаса.
2. Од стасаното тесто формираме топчиња (јас вкупно 40) кои ги намрсуваме со малку масло (одозгора и одоздола). Ги покриваме со крпа за да не се исушат. Потоа почнувајќи од првото топче расукуваме што е можно потенка коричка, која на едниот крај ја засекуваме на 3-4 места. Завиткуваме и истовремено дополнително ја истегнуваме коричката.
3. Формираните кифли ги редиме во плех (премачкан со маргарин, не со хартија за печење). Ги покриваме, нека стасаат, па ги премачкуваме со жолчките (и маслото) и наросуваме сусам.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени (јас печев околу 25-30 минути). Откако ќе се испечат, веднаш ги премачкуваме со маргарин (од фрижидер). Поминете преку нив со маргаринот, па покријте ги со чаршафче, па ставете најлонско ќесе, па пак покријте со друго чаршафче.

Забелешка - Ако сакате дел од нив да замрзнете, нека оладат (не потполно, нека бидат млаки) па тогаш замрзнете ги.
Кога ќе решите да ги одмрзнете, не ги притоплувајте, туку едноставно извадете ги од замрзнувачот, префрлете ги во друго чисто најлонче, покријте ги со чаршафче и оставете ги на собна температура сами од себе да се одмрзнат. Ќе бидат како штотуку направени.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани