Испечати

Мото кекси

Мото кекси

Состојки

  • За тесто
  • 500 гр. брашно
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • 1 јајце
  • од 1/2 лимон-сок
  • 250 гр. путер или маргарин
  • 2 кафени лажичиња просеано какао
  • За лепење
  • по потреба вашиот омилен еурокрем

Подготовка

Се мешаат сувите состојки.
Се прави вдлабнатинка, се додава јајцето, маргаринот исечен на парчиња и лимоновиот сок. Се замесува тесто, убаво се изработува и се дели на два дела.
Во едниот дел се додава какаото.
Се завиткуваат во најлонска фолија и се ставаат во фрижидер на 1 час.
Потоа на набрашнета подлога се отвора кора, можи и на тестото одозгора брашно, за да не се лепи.
Со модла се вадат цветови-цели и со отвор на средина. Кафеавите цели, а белите со отвор. Дебелина на кората околу 3-5 мм.
Се редат во намрсен плех или хартија.
Се печат во загреана рерна 8-10 мин.
Ладни се премачкуваат со еурокрем и се лепат два по два цвета.
На здравје!
*Ако ви е лепливо тестото на рака, премачкајте ги со масло.