Ок, сите правиме сарми и скоро сите рецепти се слични едни на други, но ете мене мојот рецепт ми е најубав, сармите ми се највкусни припремени на овој начин. Сочни, меки, не се пресолени ниту кисели. Преубави се. Користете меки тенки листови од зелката, а тврдиот дел отстранете го.

Подготовка:

1. Прво запржете го кромидот, додадете го меленото месо, запржете го да ја промени бојата. Потоа додадете 1 полн филџан ориз, 1/2 лажица вегета, 1 лажица црвен пипер, малку црн бибер, оригано и други зачини ако сакате по желба.
2. Листовите зелка ги кроите по ваш терк. Отприлика големина на една страна да биде 15тина цм.
Се става од зајрето, се преклопуваат краевите и се мота сармата. Сармите се редат во тенџере кое долу ќе го обложите со листови зелка. Кога ќе завршите со редењето, одозгора покривате со листови зелка. Го полните тенџерето со вода 3 прсти над сармите. Ставате да се варат 2 часа на тивка температура. Одвереме навреме проверувајте дали има доволно вода. Не смее да останат суви.
3. Потоа на крајот, налевате убаво масло во тавче, нека има повеќе, бидејќи сармата сака мрсно. Загрејте го маслото и додадете 1 лажица брашно, запржете кратко, па додадете уште половина лажица црвен пипер, кратко промешајте и додадете ја запршката во сармата. Распоредете убаво со навалување на тенџерето. Оставете да повари уште 5 минути и сармата ви е готова. По половина час, можете да ја послужите вашата прекрасна сарма. Комбинирајте со црвено вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови