Натура чизкејк со индиски ореви и боровинки (посно, без печење)
Поздрав десерт, здравје...Изобилие од суво и свежо
овошје и јаткасти плодови, прав погодок за посни денови и за енергетска стабилност во
поглед на корисни шеќери и потребни нутритивни елемени. Уживајте!
Подготовка
1. Индиските ореви ги покиснуваме во вода неколку часа претходно. Истото го правиме
и со урмите.
2. Миксот од Натура го мелеме во Нутрибулет. Додаваме мед по вкус и смесата ја
распоредуваме на дното од калапот за тортичка како подлога.
3. Потоа урмите и индиските ореви ги процедуваме од вода и ги мелеме во Нутрибулет
заедно со медот, кокосовиот путер, лимоновиот сок. Откако ќе ни се измазни смесата,
во 2/3 од неа ставаме мармалад од боровинки, а останатото го тргаме на страна.
4. Врз подлогата од миксот распоредуваме мармалад од боровинки, па делот со
мармалад и индиските ореви и на крајот ја ставаме останатата 1/3 со индиските ореви.
5. Оставаме да се стегне и да се поврзат вкусовите, може и да го ставите во замрзнувач
за побрзо да се стегне. Потоа го отстрануваме калапот.
6. Декорираме со боровинки, нане и прелив од малини.
Забелешка
За мармаладот од боровинки имате рецепт овде на Мои рецепти.
Ако користите друг засладувач може да го конзумираат и вегани