Одличен намаз на кој ако му додадете малку повеќе мајонез ќе го направите како сос, па може да се користите и на различни врсти печено месо. Јас овој го направив за постиве кои се во тек, бидејќи му ставив посен мајонез, а вие направете си го по желба и вкус.

Подготовка
Исчистеното лукче со солта го толчиме во дрвен аван. Постепено, лажичка по лажичка му го ставаме маслото и при тоа постојано мешаме со дрвениот толчник. Треба да ни се направи во кремаста состојба. Бадемите ги мелеме и во нив го ставаме лукчето, мајонезот и зачините. Соединуваме, го ставаме во тегличка и го оставаме неколку часа во фрижидер за да ни се соединат вкусовите. Секако дека може и веднаш да се послужи.