Мус торта
Преубав лесен десерт совршена комбинација од чоколадо,ванила, боровинки и капинки.
Прво се подготвува тестото. Се топи путерот на тивок оган и му се додава шеќерот. Се остава да се излади. Откако ќе се излади му се додаваат јајцата и се мати со миксер. На крај се додаваат сувите состојки.
Се печи во тркалезен калап бр 26(калап на кој му се вадат страниците по можност да е подлабок) на температура од 170 степени 20-22минути. Се остава тестото потполно да се излади.
Во меѓувреме го спремаме првиот чоколаден дел. Се кисни желатинот во вода околу 10мин. Слатката павлака со чоколадото се загреваат на оган додека не се стопи потполно чоколадото. Откако ќе се излади се мати со миксер. На сето тоа му се додава желатинот кој предходно се топи на тивок оган. Убаво се мати да се изедначи смесата. Чоколадниот дел се додава над тестото. Се остава во замрзнувач околу 25мин.
На ред е овошниот дел. Се блендира овошјето и желатинот се кисни во вода. Слатката павлака заедно со белото чоколадо се загреваат на тивок оган додека не се стопи чоколадото. Откако ќе се излади се мати со миксер, се додава овошното пире и на крај желатинот кој се топи на тивок оган. Смесата се додава над чоколадниот дел. Се остава во замрзнувач 25мин.
Ванила делот се спрема исто како и другиоте делови. Над ванила кремот следи ганаш крем(100мл слатка павлака со 100гр чоколадо) Се остава колачот убаво да се стегне околу 2 часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови