Мусака од тиквички и печурки (посно)
Еве и една убава идеја за посен ручек, да ги искористиме младите тиквички додека им е сезона.
1. Измиената и излупена тиквичка исечете ја по должина на тенки ленти. Во грил тава на оган со многу малку масло кратко пропржете ги тиквичките од двете страни
2. Печурките пресечете ги на помали парченца и ставе ги во сецко па изблендирајте ги на поситни коцки
3. Во друга тава на оган пропржете го ситно исецканиот кромид и додајте ги ситните коцки од печурки. Пржете додека не испари водата. Зачинете со сол, мешан сув зеленчук и бибер по вкус
4. Во огноотпорен сад или во некоја друга тава за печење на дното ставете малку масло. Прекријте го дното со грилованите тиквички. Врз нив нанесете го филот од печурки и повторно наредете тиквички.
5. Во друга тава на оган ставете го истно исечканиот лук кратко да се пропржи. Додајте домашна домата (ако немате тогаш може и доматно пире во кое после тоа ќе дотурите 50-100 мл вода). Кратко пропржете и истурете ја оваа смеса врз тиквичките. Зачинете по вкус. По потреба долејте малку вода и печете на 180-200 степени( зависно од рерната) околу 20-25 мин.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови