Мрзелива лутеница
Велам мрзлива затоа што е погоден рецепт за кого не е потребно печење пипер и домат, во поголемо тенџере на шпорет одлично се спрема. Погоден рецепт поготово за оние кои немаат можности во двор да спремаат барем нешто што го нарекуваме зимница.
- Измијте и исецкајте го од семе исчистен пиперот на поголеми парчиња, на феферонките тргнете им ги рачките (ако ставате везен пипер тогаш можете да го насечете на неколку поголеми парчиња)
- Доматите излупете ги, исечете ги и нив на поголеми парчиња.
- На тивок оган ставете тенџерето во кое најпрвин ставете го ше'ерот и кога ке почне да се карамелизира ставете солта, маслото и оцетот. Веднаш додадете ги феферонките и другиот пипер (меснат и благ). Зголемете ја температурата, нека се крчкаат во саламурата околу 15-20 мин.
- Додадете ги доматите и се заедно нека се вари уште 30 мин., на самиот крај додадете го магдоносот.
- Врела лутеницата соберете во тегли, затворете и натаму постапката си ја знаете, свртете ги во некоја кутија наопачки, покријте нека се оладат. Ставете ја во редот кај останатата зимница.
НАПОМЕНА
- Оваа лутеница се спрема и за пократко време доколку се вклучи ринглата на повисока температура. По правило и според рецептот лутеницата е малку поретка, но бидејки јас ја сакам погуста, ја варам повеќе време за 10 мин. Впрочем, сами ќе оценете.
- Не ги сечам феферноките заради семето.
- Пиперот може да биде и само црвен и мешан. Јас секогаш настојувам да најдам Сомборка пиперка - но кога нема каков ќе најдам таков користам. Секако е вкусна.
- За љубителите на лукот - слободно нека додадат лук, а може да се додава и одпосле кога ќе се послужи.
- Да напомена и друго.Некој можеби би сакал најпрвин да ги испржи пиперките - не е пречка, но тогаш во саламурата ќе го ставите прво доматот нека вари до згуснување, се додаваат тогаш испржените пиперки, но за сметка на тоа - намалете го маслото. Јас по овој рецепт кога ја спремам - постапувам онака како што напишав - по рецептот - оти нели мрзелива е.
- Ја варев во експресниот лонец Делимано од 6 л. и тоа половина од состојките.
Лиценца: Сите права се задржани