Иако не сме љубители на бело чоколадо, овој рецепт е еден од омилените кај нас. Вкусен, лесен и брз, се наоѓа за слави и имендени.

На пареа се топи путерот, се додава чоколадото да се растопи, а потоа и еурокремот.

Мешавината од ореви и лешници ситно се сецка, а може и да се истолчат во аван, како преферирате. Јас обично ги сецкам на покрупни парчиња.

Јатките се мешаат со смесата од чоколадо, еурокрем и путер и кога ќе бидат убаво измешани, смесата се става во силиконски калапи или пак во обложени калапи по желба и се остава да се стврдне барем неколку часа.
И толку...

Ако ја ставате смесата во силиконски калапи, како мене, може да ја вадите после неколку часа. Може да користите и триаголни калапи или пак мало тавче, па потоа да се сечат триаголници или штангли. Ваквите калапи претходно мора да се обложат со најлонска фолија за да може стврднатата смеса полесно да излезе.

Овој рецепт е од мајка ми, го доби многу одамна од некоја пријателка. Редно е да напоменам дека овие колачи немаат ништо заедничко со Моцарт куглите, а името не знам од каде е и кој им го ставил. Како и да е, нема да зажалите ако ги направите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови