Млечни погачици
Предлог за меки и вкусни погачици, за сендвичи
Од овие состојки ќе добиеме 9-10 погачици
Во топлото млеко ставаме квасец, шеќер, лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме активираниот квасец, сол, растопениот путер, пецивото,белката од јајце,
Постепено додаваме брашно и замесуваме мазно, по малку лепливо тесто.
Врз топката тесто тенко премачкуваме со некоја капка масло и го оставаме во вангличка за да се дуплира.
Втасаното тесто без премесување го делиме на топчиња.
Секое топче убаво го формираме, малку со рака го расплескуваме и ги редиме во плех.
Во жолчката додаваме млеко, промешуваме и со четка ги премачкуваме погачиците.
Наросуваме сусам.
Оставаме да киснат 20 минути, па ги печиме во загреана рерна на 200 степени, да заруменат.
Плехот го покриваме со чиста кујнска крпа и оставаме така да одстојат 5 минути.
Потоа ги ставаме на кујнска решетка, да подизладат па ги сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани