
13
ное
2019
Млечна салата со крекери и куркума сервирана на брускети
Ова е рецепт за подготовка на брза и ептен вкусна салата...
Подготовка
 1. Краставицата и лукот ги лупиме, ги сечкаме на ситни коцки.
 2. Ги додаваме зачините, сирењето, урдата и киселата павлака.
 3. Крекерите ги мелеме во нутрибулет и ги додаваме кон смесата.
 4. Соединуваме со лажица и ја оставаме салатата во фрижидер за да се соединат вкусовите.
 5. Ја сервираме на брускети со вкус на пица.
Забелешка
 Кисела павлака додавате по потреба, вкус и по желба во зависност каква сакате да биде густината на салатата.
 Брзо се подготвува, па е идеална за изненадни гости...

















