
15
мар
2016
Млечна салата со авокадо
Оваа салата се подготвува за пет минути, а е многу вкусна и освежителна.
Подготовка
Авокадото го сечеме на половина, му ја отстрануваме семката, го лупиме и го сечкаме на парчиња по желба. Сирењето го сечкаме на ситни коцки. Оревите исто така ситно ги сечкаме. Сите состојки ги соединуваме со киселата павлака. Ако многу ви е густа смесата ставете неколку лажици јогурт. Јас така направив, а вие како ви е желба и по ваш вкус. Сол не ставам зошто сирењето со својата соленост е доволно за вкус во салатава.