Ако сте за потполно предавање на комплетно уживање во сладоледен пијалок еве еден предлог од мене...

Подготовка
1. За делот со свежи боровинки ги ставаме боровинките во Нутрибулет (блендер) заедно со топката сладолед и слатката павлака да се соединат и малку да се згуснат.
2. За делот со диња ги ставаме во Нутрибулет сите состојки, дињата, кондензираното млеко и киселата павлака и блендираме додека да стане кашеста смесата (неколку секунди).
3. Го ставаме делот со свежи боровинки на дното од чашата , додаваме топка сладолед од боровинки и полека го додаваме течниот дел со диња.

Декорираме и сервираме!

Забелешка
Доколку ви е многу густ делот што го блендирате со дињата, можете да си додадете малку млеко или пак вода.