Млеко од семки од диња
Семките од диња имаат многу придобивки за нашиот организам. Нивната главна придобивка е за прочистување на дигестивниот систем, но и за зајакнување на имунолошкиот систем со зголемување на отпорноста кон болести. Ова е еден начин на кој може да ја искористите нивната благодет, бидејќи верувам дека мнoгумина од вас досега ги фрлале овие драгоцени семки кои значат здравје.
Подготовка
1. Семките од дињата (сосе внатрешноста) ги ставаме во чашката од блендерот. Ги додаваме урмите и зрната какао. Ја додаваме и водата. Блендираме до хомогенизирање.
2. Добиенато млеко се процедува, прво преку цедалка, па преку газа. Послужуваме веднаш.
Забелешка - Ова млеко најчесто го правам само од семките (сосе внатрешноста) и вода, па заблажувам со мед, но понекогаш додавам квалитетно какао, или како во случајов зрна какао и урми.Заблажувањето е по желба и вкус. Количината на вода корегирајте ја според посакуваната густина.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Go vidov za prv pat vo edna grupa za zdrava hrana pred 3 godini i otkako go probav mu nema zamena .Koj ne probal neka si go napravi bez razmisluvanje.
So kakao nemam praveno, sleden pat moze da probam i taka.
Најбитно е дека придобивките се големи, а не е потребно ништо посебно за подготовката (семки и вода) по желба плус за збогатување на вкусот...од ништо нешто :)
Полна чаша здравје.
Каде наоѓаш зрна какао?
И семките од лубеница ги употребувам на сосема истиот начин за млеко, а ако сакам варијанта на сок, блендирам лубеница заедно со семките.
Зрната какао јас ги купувам од Зегин.