Млеко од семки од диња
Состојки
- 1 Диња (семките сосе внатрешноста)
- 3 Урми
- 3 Зрна какао
- 1 чаша (240 мл) Вода
Подготовка
Семките од диња имаат многу придобивки за нашиот организам. Нивната главна придобивка е за прочистување на дигестивниот систем, но и за зајакнување на имунолошкиот систем со зголемување на отпорноста кон болести. Ова е еден начин на кој може да ја искористите нивната благодет, бидејќи верувам дека мнoгумина од вас досега ги фрлале овие драгоцени семки кои значат здравје.
Подготовка
1. Семките од дињата (сосе внатрешноста) ги ставаме во чашката од блендерот. Ги додаваме урмите и зрната какао. Ја додаваме и водата. Блендираме до хомогенизирање.
2. Добиенато млеко се процедува, прво преку цедалка, па преку газа. Послужуваме веднаш.
Забелешка - Ова млеко најчесто го правам само од семките (сосе внатрешноста) и вода, па заблажувам со мед, но понекогаш додавам квалитетно какао, или како во случајов зрна какао и урми.Заблажувањето е по желба и вкус. Количината на вода корегирајте ја според посакуваната густина.
На здравје!