Пролетно мезе, а за мене и оброк.
Подготовка
1. Компирчињата убаво измиете ги и сварете ги. Нема потреба од лупење.
2. На малку масло ставете го исечканото младо кромитче да се потпржи. Во него ставете ги и компирчињата, зачинете ги и продолжете со пржење уште десетина минути. Готово.
Одлично е и како самостоен оброк, а во секој случај е добро и како прилог со друго јадење. Едноставно, а превкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови