Испечати

Млади компирчиња со младо кромитче

Млади компирчиња со младо кромитче

Состојки

  • 1/2 кг ситни млади компирчиња
  • 5 млади кромитчиња
  • 1 лажиче лук во прав
  • сув зачин и бибер по вкус
  • 1 лажиче црвена пипер

Подготовка

Пролетно мезе, а за мене и оброк.
Подготовка
1. Компирчињата убаво измиете ги и сварете ги. Нема потреба од лупење.
2. На малку масло ставете го исечканото младо кромитче да се потпржи. Во него ставете ги и компирчињата, зачинете ги и продолжете со пржење уште десетина минути. Готово.
Одлично е и како самостоен оброк, а во секој случај е добро и како прилог со друго јадење. Едноставно, а превкусно.