Подготовка:

1. Компирчињата ги миеме и триеме низ раце за да им падне вишокот лушпа. Во тенџере со зовриена солена вода ги ставаме да се проварат десетина минути. Ги цедиме и ги ставаме во еден подлабок сад.
2. Ја вклучуваме рерната на 200 степени. Во тавата во која ќе печеме истураме малку масло и 50 гр путер. Ја ставаме во рерна да се растопи мрснотијата и да се пропржи. Со врелата мрснотија ги преливаме исцедените компирчиња, промешуваме сите убаво да се намрсат, додаваме по вкус сол, бибер и сусам. Доцна ми текна дека можев да ставам и ким, сигурно ќе беше еднакво убаво.
3. Ги ставаме сите во тавата и ја враќаме во рерна десетина минути. Ја вадиме тавата и со помош на вилушка, секое компирче го притискаме малку колку да потпукни. Ја враќаме тавата уште десет минути и тоа е тоа.

Јас ги подготвив како прилог за со скара, но мрснотијата од тавата беше толку вкусна што ја избришавме макајќи со леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови