22
окт
2014
Миризливи кифлички со мармалад
Се меси тесто од дадените состојки и се остава да стаса. Стасаното тесто се дели на 4 дел. Се зема еден дел од тестото се расукува мала кора и се премачкува со маргарин, па се прекрива со друга кора расукана во иста димензија. Двете кори една врз друга се расукуваат во голема кора и се сече на триаголници на секое триаголниче се премачкува маргарин и се става мармалад, се мота кифличка. Кифличките се редат во плех премачкан со маргарин и се остават да стасат.
Пред печење се премачкуваат со разматено јајце. Се печат на 180-200 степени зависно од рерната околу 30 минути. Се посипуваат со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани