
Мини (солени) кроасани
На почеток се подготвува тестото-квасецот се потопува во топло млеко со шеќерот. Во голем сад се става брашното, јајцата, солта, јогуртот, маслото за јадење и смесата од квасец, шекер и млеко. Се замесува тесто. Тестото се дели на 12 парчиња и се остава 10 мин, за подоцна, секое парче да се развлече на кори со големина од плитка чинија со дебелина од пола сантим. Се редат корите една врз друга, а измеѓу нив се премачкува маргаринот(2х6 кори). Повторно се оставаат 10 мин. да отстојат. Потоа се расукуваат и се прават кроасани кои се редат во тава, се премачкуваат со јајца, па на крај се наросуваат со ким и јадра сол. Се печат додека не поруменат.
Можете да ги филувате по желба-солени или слатки
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови