Во малку вода го додавате квасецот, солта, шеќерот и брашното и се измешајте. Се замесува меко тесто и се остава да нарасне околу 30мин.
Кога тестото е готово од него се расукува една голема кора се мачка со кечап и се додава од шунката, печурките, кашкавалот и ориганото. Кората се завиткува во облик на ролат и се сечат парчиња. Се стават во плех се мачкат со кечап одозгора за да бидат помеки, се става сусам и се стават да се печат во веќе загреана рерна на 200степени околу 15мин. Истото се повторува додека имате тесто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови