11
авг
2015
Мини пици со црн домат
Интересно мезе за сите оние кои внимаваат на линијата или се на диета,многу малку калории, а многу вкусно. Се мие црниот домат, се сечи на тркалца(1цм дебели) се редат во подмачкан плех, се посолуваат, по некоја капка маслиново масло. Шери доматчињата се сечат на половина, се редат, се додава изварката, маслинките и зачините. Се печат во загреана рерна на 250 степени 5-7мин (не повеќе бидејки ќе омекнат многу)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови