Mини пити со какао крем
Овие пити се прават во калап за мафини. За тесто се користи тесто за пита со јаболка. Искрено, беа експериментален рецепт по желба на ќерка ми и навистина испаднаа одлични. Успеав само едно да фотнам зашто сите веднаш се изедоа.
Пoдготoвка:
1. Замесете тесто од состојките за тесто и ставете го во фрижидер околу половина час. Филот подгответе го со убаво мешање на состојките со вилушка.
2. Кога ќе се подолади тестото, извадете го од фрижидер и откинете тесто со големина на едно мало топче и натапкајте го во калапот со мафини. Отприлика ќе добиете 12 мини пити, зависи од големината на дупките на вашиот калап.
3. Ставете од филот до 2/3. Внимавајте да не ги преполните, ќе ви се прелеат во текот на печењето.
Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 15-20 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови