Мини какао тортички со пудинг и џем од малини
Подготовка
Во длабок сад ставете ги сувите состојки и убаво промешајте. Додадете го џемот од малина и млекото и измешајте убаво со лажица, да нема грутчиња.
Смесата ставете ја во тава за печење во која претходно сте ставиле хартија за печење ИЛИ за попрактично да ви биде, смесата ставете ја во калап за мини тортички. Мојот калап за мафини не ми одговараше, па затоа се одлучив за пандишпан од кој ќе вадам кругови.
Печите на 200 степени околу 10-15 мин.
Крем
Во тенџере на оган ставете ги млекото и шеќерот да зовријат. Разматениот прашок за пудинг со малку млеко, ставете го во зовриеното млеко и енергично мешајте на тивок оган додека да ја добиете потребната густина.
-Кога ќе се излади, ставете го путерот и изматете со миксер. На крај, додадете го џемот и промешајте.
На секоја тортичка ставете од филот и преклопете одозгора со друга тортичка.
-Секоја тортичка може да ја премачкате со џем или растопено чоколадо.
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани