Милениумска торта и канапеи -мој 1000 јубилеен рецепт
Драги мои пријатели,
Денес сум славенички расположена со повод, за честење.
Ние денес ќе уживаме со она што го подготвив, а вам преку слика и опис ќе обидам да ви го доловам вкусот на овој 1000 јубилеен рецепт. Денес 03,11 е и мојот роденден
Прво за основата го растопуваме црното чоколадо со маслото. Додаваме и лешник.
Соединуваме. Смесата ја ставаме во калап со обрач. Израмнуваме и оставаме да се стегне.
За ганаш мус крем, слатката павлака, млекото и чоколадото ги ставаме на мнооогу тивок оган да се соединат. Оставаме да се излади. Мнооогу кратко ја матиме со миксер, значи да биде лесна, воздушеста. Ја нанесуваме врз основата во калпот. Израмнуваме. Оставаме во фрижидер на 30 минути.
Мус од бело чоколадо- Во еден сад ги соединуваме млекото и слатката павлака. Миксаме, до половина, за да добиеме средна густина, па го додаваме растопеното бело чоколадо. Убаво соединуваме. Оваа смеса ја нанесуваме врз ганашот во калапот. Повторно оставаме во фрижидер на 30 минути.
За мусот од темно чоколадо, во еден сад ги ставаме млекото и слатката павлака. Пак матиме до средна густина на смесата, па додаваме растопено чоколадо. Соединуваме. И оваа смеса ја истураме врз беллиот крем израмнуваме и оставаме во фрижидер на 30 минути.
Прелив- Ја загреваме слатката павлака, па го додаваме и чоколадото. Соединуваме. Ја прелеваме цела торта. Оставаме да стои во фрижидер 2 часа, потоа го вадиме обрачот и декорираме по желба.
Лиценца: Сите права се задржани