Мешана тава со мелено месо
Уште еден потпечен ручек во ризницата ручеци во тава.
Подготовка:
1. Сварете го оризот нека е готов. Јас го варам во мултикукерот на програмата за ориз.
2. Во сецкото ги ставам морковот и кромидот, ги сецкам, па ги запржувам на масло. Кога се запржени убаво им го додавам меленото месо, и зачинувам. Пржам убаво да се испржи месото. Спанаќот го сецкам убаво и печурките исто така. Ги додавам и нив во месото.
3. Сета оваа смеса ја пржам уште кратко, па го враќам оризот во тавата. Ја додавам и пченката. Промешувам убаво, па ги ставам малку да се потпечат во рерна. Кај мене беа со малку течност зашто пушти вода спанаќот, дека користев замрзнати брикети. Откако се потпече сервирав со мешана зелена салата.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови