29
окт
2015
Мешана салата без масло (зимница)
Целиот зеленчук се мие убаво под млаз вода. Треба да биде здрав и без црни дамки.
Се сечат убави парчиња од морковот, краставичките.
Зелката се дроби, а карфиолот се дели на помали цветови.
Се сецкаат пиперките и доматите.
Се полнат чисти тегли и со раката се нагмечуваат.
На оган се ставаат да провријаат водата, оцетот, шеќерот, солта, зрната бибер.
Кога е зовриено се трга од оган се додава многу малку конзерванс, на врвот на ножот и со врелата течност се полнат теглите и се затвораат.
Лиценца: Сите права се задржани