Испечати

Мешана салата без масло (зимница)

Мешана салата без масло (зимница)

Состојки

  • 1кгр свежа зелка
  • 1 кгр морков
  • 1 кгр карфиол
  • 1кгр жолта пиперка ( банана) за туршија
  • 1кгр краставички
  • 1 кгр зелени домати
  • раствор за преливање
  • 3 литри вода
  • 800мл оцет 9%
  • 200гр морска сол
  • 200гр шеќер
  • 10-15 зрна бибер
  • на врвот на ножот конзерванс
  • коријандер и ловоров лист по вкус

Подготовка

Целиот зеленчук се мие убаво под млаз вода. Треба да биде здрав и без црни дамки.
Се сечат убави парчиња од морковот, краставичките.
Зелката се дроби, а карфиолот се дели на помали цветови.
Се сецкаат пиперките и доматите.
Се полнат чисти тегли и со раката се нагмечуваат.
На оган се ставаат да провријаат водата, оцетот, шеќерот, солта, зрната бибер.
Кога е зовриено се трга од оган се додава многу малку конзерванс, на врвот на ножот и со врелата течност се полнат теглите и се затвораат.