Месото исечете го на коцки и ставете го да се пржи.
Кромидот, морковот, црниот патлиџан, пиперката, тиквата и сувата пиперка исечете ги на коцки.
Сланината исечете ја на коцки.
Кога ќе биде при крај месото додајте зеленчук, сланина, посолете, ставете сув зеленчук, црвен пипер, сува пиперка, лукче и една чаша вода. Поварете околу 15 минути.
Горниот дел од тиквата пресечетеја и извадете ја средината.
Месотото истурете го во тиквата и затворете ја со капак. Тиквата покријте ја со фолија и ставете во рерна на 2 часа на 250 степени. По 2 часа отворете ја фолијата и капакот и подпечете уште 30 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани