Месечинки со пудинг од ванила
Кога купувам шеќер ванила од Подравка - Дочела - кесите ги собирам, на секоја кеса има рецепт, а има и на кесите од Д-р Оеткер, понекогаш исечам и залепам во нотесот и да ми простите но овие не знам од кое паковање се. Сум залепила исечокот и не се гледа чиј е рецептот. Таму носат име Рошчичи , а јас си ги прекрстив..
Подготовка
- Јајцата и маргаринот треба да се на собна температура
- Издвојте ги белките од жолчките
- Во сад ставете ги брашното, прашкот од ванила пудингот, маргаринот, жолчките и шеќерот. Месете и ќе добието фино тесто за понатамошна работа. Од тестото правете форми како месечинки, ставете во плех во кој сте ставиле хартија за печење и печете ги на 170 степени околу 10-12 мин. Извадете - сочекајте да се оладат.
Соберете ги во лимена кутија.
При самото служење посипете со прав шеќер во кој сте ставиле ванила.
Забелешка
Тестото можете да го месите и со миксер кога ќе ги поставите спиралните перки.
Покрај жолчките, за да бидат прекрасно жолти има придонес и пудингот од ванила кој има по моја процена голема улога и во нивниот вкус. Прекрасни, а празници идат, ситни суви колачи никогаш доста.
Лиценца: Сите права се задржани
И Лиле, оди кај Аранчините те молам, чекам од лани таму да ми одговориш, не ме оставај вака да страдам :)))