Кога другарката ми донесе да пробам не можев да верувам дека колачињава се посни па уште и без масло и нормално одма се побара рецепт и се направија. Инаку рецептот е од една американска страна за здрава храна. Мексикански заради чилито. Ви го напишав оригиналниот рецепт за да го имате, но јас веднаш направив некои измени кога ги подготвував. Не додадов чили и ванила, а од мене си додадов плус лешници, рум место ванилата и 1 мало пакетче инстант кафе.
1. Сувите состојки ги додавате во сад и мешате убаво да се соединат. Потоа го додавате румот (или ванилата), водата и балсамико оцетот.
Мешате убаво за да се добие компактна смеса и готови сме.
2. Можете да ставите во плехче и да испадне колач или како мене во модлички. Модличките не се премачкани со ништо и се полнат до половина. Се ставаат да се печат во претходно загреана рерна на 220С, а кога ќе ги ставите ја намалувате на 200С. Во завиност од рерната се печат 15тина минути (ќе проверите со чепкалка дали се готови).
3. За преливот во сад на оган ги ставате какаото и шеќерот (јас додадов и лажица рум и тука) и 3-4 лажици од водата. Кога ќе се растопи и згусти постепено ќе ја додавате водата.
4. Скоро изладените тортички со лажица убаво ги преливате со сирупот и оставате да се изладат. Мене ми остана сируп, па кога се изладија ги прелив повторно.

Уживајте.

***Од оваа доза ми излегоа 12 големи и 24 мали колаченца. Ако имате 2 модли за големи мафини ќе излезат 24 големи мафини.
Тортичките се залепија многу малку, но со помош на ноже само убаво ќе поминете од страните и се одлепуваат лесно (не се кршат). Кога ги преливав со сирупот ги оставив во модлите и со помош на вилушка ги поткревав за сирупот целосно да ги опфати не само од горе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани