Туна салата ми е можеби една од омилените салати. Ретко ја јадам по рестораните, но дома многу често ја подготвувам.

Во длaбок сад за салата се мешаат марулата, доматите, кромидот, пченката и кубетите. Од мајонезот, јогуртот и сенфот се прави сос и се зачинува со сол и бибер по вкус. Со овој сос се зачинува салтата и се меша. Потоа, се става во средина туната од конзерва, кубетите и парчињата варено јајце. Се декорира со маслинки и парче лимон, по желба.

Може да ставите и црвен грав, ако сакате или пиперки или зелечнуци и додатоци по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани