Ако сакате вкусна, слатка, чоколадна торта со вкус на таан и мед, посна, со ровко и сочно тесто ова е вистинската која треба да ја пробате.

Подготовка
1. Шеќерот, таанот, медот, маслото, ванила екстрактот и ренданите јаболка ги соединуваме.
2. Сувите состојки, брашното, пецивото и мелените ореви ги соединуваме, па ги ставаме во претходната смеса од влажни состојки. Промешуваме, соединуваме и смесата ја делиме на два дела.
3. Во тавче бр.24 или 22 ставаме една половина и ја печеме на 180- 200 степени.
4. Откако ќе се испече чекаме да се излади, па ја вадиме од калапот, на ист начин го печеме и вториот дел.
Подготовка на филот
1. Таанот и медот ги загреваме во тенџерче, па додаваме околу 400 мл топла вода. Чекаме да почне да врие.
2. Пудингот заедно со шеќерот го соединуваме со остатокот од водата, па го додаваме на смесата која почнала да врие. Мешаме до згуснување на средна температура.
3. Тенџерето го тргаме на страна и додаваме коцки чоколадо, мешаме до растопување на чоколадото. Филот го оставаме малку да излади, па ја филуваме тортата со него.

Забелешка
Тортата ја печев во тавче со обрач, а и ја филував така, со обрач. Го ставив првото тесто во чинија, па го обиколив со обрачот, ставив половина од филот, па второто тесто го вметнав врз филот и во обрачот и на крај остатокот од филот. Многу мал дел од филот оставив за украсување.
Тортата е баш слатка и заситна, така да и едно тенко парче е доволно за заблажување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани