Кифливе се меки и топли како душата на секоја мајка.
Затоа го носат и ова име.
Топло ви ги препорачувам да ги подготвите.
Наместо свинска маст, доколку не ја сакате може да се користи мешавина, пола пола од путер и масло, или маргарин и масло.

Во топлата вода го ставаме шеќерот, лажиче брашно и квасецот.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, солта, млакото млеко, маслото.
Промешуваме со раката и постепено додаваме брашно.
Замесуваме средно меко и нелепливо тесто.
Го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме одприлика на 30 топчиња, секако тоа зависи и од желбата за големината на кифлите.
Пола од топчињата ги расукуваме во долгнавести тесни корички.
Со помош на четка танко секоја коричка ја премачкуваме со растопената домашна маст.
Оставаме така да одстојат 5-10 минути, односно додека на ист начин не ги подготвиме останатите топчиња.
Сега си почнуваме од првата коричка која сме си ја премачкале.
Со раце ја растегнуваме и почнуваме да виткаме кифла, а при тоа со една рака виткаме а со другата рака се уште тегниме, онолку колку ни дозволува тестото.
Многу лесно оде,тестото е многу погодено.
Значи една кифличка ќе биде завиткана од 7-9 пати одприлика.
Постапката е иста со целото тесто.
Ги редиме во плех.
Ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме чурек или сусам.
Оставаме да киснат 20 минути па ги печиме во загреана релна околу 25 минути.
Ги редиме на решетка, па ги послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани