5
мар
2013
Мафини со јаболки и ореви
Јаболките се лупат и се сечат на ситни коцки, се попрскуваат со сок од 1 лимон за да не потемнат.
Јајцата и шеќерот ги матиме со миксер, се додава киселото млеко, пресното млеко, зејтинот, брашното, пецивото и сода бикарбона откако се убаво ќе се измеша се додаваат и предходно грубо нарендана чоколада, сечканите ореви, јаболките и циметот. Се убаво се измеша да се добие хомогена смеса. Калапите за мафини се премачкуваат со маргарин и по 2 лажици од смесата се става за секоја мафина. Се печат во рерна на 200 степени околу 15 минути.
Мене ми излегоа 24 превкусни мафини
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови