Скушата се чисти од внатрешните органи (најчесто таква се продава) и се реди во сад. Во внатрешноста се става сецкан лук, магдонос и се ставаат зачините и се прелева со маслиново масло. Одозгора се цеди сок од 1 лимон. Се остава да одстои 3 часа.

На скара се редат рибите и на почетокот се печат на посилен оган, за да фатат коричка, а потоа на потивко, за да се зготви месото.

Од како ќе се испечат, се послужуваат во прилог со компир салата.

Компир салата
Сварените компири се сецкаат на коцки. Во нив се додава кромидот и се зачинува по вкус. Се става сол, бибер, оцет и маслиново масло по вкус. На крај се сецка магдонос и се меша.

*Во зимски период кога нема млад кромид, се користи стар кромид и најубаво е да се исецка на тенки кругови и да се пропржи на тивко. Се добива посебен шмек и салатата е повкусна за јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови