Мали бурекчиња со пилешко
Пилешкиот стек се става да се вари во зовриена и посолена вода. Се вари околу 25 минути.
Свежите шампињони откако убаво ќе се измијат, се ставаат да се варат во провриена и посолена вода. Се варат околу 15 минути. Потоа ситно се сечкаат и се пропржуваат во тава на малку зејтин, колку да омекнат.
Морковите се варат исто така во зовриена и посолена вода, и откако ќе омекнат и ќе се оладат, се рендаат.
Откако ќе се свари и олади пилешкиот стек се сечка на ситни коцки.
Во поголем сад јајцата се матат со вилушка, се додава 1 лажица вегета, малку мелен црн пипер, се додаваат ренданите моркови, стекот исечкан на коцки, шампињоните ситно исечкани. Со тоа филот е готов.
Готовите кори за пита се сечат во облик на правоаголник (од една кора се добиваат 4 правоаголници), сите кори одеднаш се сечат. Се земаат по 2 правоаголници еден врз друг и на секои по две кори се става по 1-2 лажици од подготвениот фил и се витка во ролатче. Истата постапка се повторува се додека не се истрошат сите кори и филот.
Приготвените бурекчиња се пржат во врел зејтин додека да добијат златна боја.
Откако ќе се испржат се ставаат во плех обложен со слафети за да го упијат вишокот мрснотија.
Се служи со јогурт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
sigurno se mnogu vkusni pozz:)