3
јул
2012
Малиџано
Патлиџаните испечете ги во рерна на 200 степени околу 30 мин или додека омекнат па излупете ги. Пиперките исто така испечете ги и излупете ги и отстранете колку можете од семето. Пиперките и патлиџаните сомелете ги во машина за мелење месо и промешајте ги заедно.
Маслото убаво загрејте го па додадете му ги мелените пиперки со патлиџани и пржете околу 1 саат. Пред крајот додадете му ги сите останати состојки, допржете уште 10тина минути и топло собирајте го во топли тегли. Покрите ги со ќебе преку ноќ. .
Лиценца: Сите права се задржани