Малинаста торта
Kора
Се матат белките во цврст снег па полека им се додава шеќерот.Одкако ќе се добие цврсто шне се додаваат жолчките и се мати со помала брзина.Се исклучува миксерот па се додава брашното,пецивото и какаото и се пече во округли калап бр 28 на хартија.Печената кора се сече на два дела.
Фил1
Малините се ставаат со водата и шеќерот да зовријат.Во зовриената смеса се додава разматениот пудинг,се вари и се остава да се лади.
Фил 2
Млекото се става да зоврие и во зовриеното млеко со шеќер се додаваат разматените пудинзи.Се вари густ крем и се остава да се лади.Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон изладениот пудинг.Филот се мати и постепено се додава и нематената хопла.Се продолжува со матење и се добива вкусен мазен крем.
На чинија за торта се става првата кора од тестото па над неа се истура 1/2 од филот со малини-да не биде сосем оладен значи малку млак..Над малините се става 1/2 од 2 фил и се покира со втората кора.Еден дел од филот со малини се распоредува на втората кора а со вториот фил се прамачкува целата торта.Во филот од малини-преостанатиот се додава галаретката подготвена по упатството и убаво се соединува.
Хоплата се мати и се декорира тортата. Се прави венец наоколу за да го задржи желето во средината.Значи одкако ќе се направи венецот од копла се истура и филот од малини и галаретка и се продолжува со декорација по свој вкус.
Со оваа торта ја заокружувам 40, а со пресекот ќе ве почестам во коментарите.
Лиценца: Сите права се задржани
Среќен роденден! :)