Во духот на традицијата ви подготвив едно многу едноставно, а вкусно јадење.
Јадења кои се подготвувале векови наназад и уште се омилени до ден денес.
Во округлата тава на Делимано на малку масло испржете го кромидот, додајте го морковот исечен на кругови.
Додајте го модриот патлиџан исечен на подебели парчиња, лукот и пржете кратко со постепено мешање.
Додајте ги црвената пиперка и доматниот сос и динстајте на умерена температура додека зеленчукот не омекне.
Пред крај зачинете.
Зеленчукот потоа, преместете го во земјена тава поголема или две помали, врз него искршете јајца и ставете да се пече додека не се стегнат односно испечат јајцата.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови