Макарони со туна и тиквичка
Во последно време тиквичката ја комбинирам да не речам во сè, со стек, со макарони, салата. Овај пат тоа е макарони со туна и малку потпржена тиквичка.
Подготовка:
1. Најпрво ги вариме макароните, ги оставаме да се исцедат, а во друг сад ја пропржуваме тиквичката која претходно ја имаме на ситни ленти исецкано, додаваме вегета, куркума задолжително, таа и дава некој посебен вкус на тиквичката.
2. Откако ќе се оладат и макароните и тиквичката, мешаме сè заедно и ја додаваме туната.
Превкусен, лесен и брз ручек
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови