Испечати

Макарони со туна и тиквичка

Макарони со туна и тиквичка

Состојки

  • 1 паковање макарони
  • 1 тиквичка
  • 1 пакување туна
  • зачини по желба

Подготовка

Во последно време тиквичката ја комбинирам да не речам во сè, со стек, со макарони, салата. Овај пат тоа е макарони со туна и малку потпржена тиквичка.

Подготовка:

1. Најпрво ги вариме макароните, ги оставаме да се исцедат, а во друг сад ја пропржуваме тиквичката која претходно ја имаме на ситни ленти исецкано, додаваме вегета, куркума задолжително, таа и дава некој посебен вкус на тиквичката.
2. Откако ќе се оладат и макароните и тиквичката, мешаме сè заедно и ја додаваме туната.

Превкусен, лесен и брз ручек