Издробете го сирењето и измешајте го со вилушка заедно со изварката. Јас овде ја ставив и белката која требаше да остани од јајцето за премачкување одозгора. Значи, можи да ставите или не и белка во филот.
Во друг помал сад соединете ги со вилушка состојките за премачкување убаво да се поврзат.

Се премачкува една кора со смесата за премачкување. Врз неа се става друга, и таа исто така се премачкува. На неа, на почетокот се става од филот со изварка и сирење и се витка во ролна. Така се повторува додека се потрошат корите.

Роланите кори се редат во намастен или обложен со пек хартија помал плех од шпоретот и се залеваат со газираната вода убаво насекаде, па се оставаат пола саат така.
Потоа се премачкуваат со стопениот маргарин или маслац и се посипуваат со сусам. Пред печење можи и да се исечи на посакуваните парчиња и се печи во загреана рерна на 180С околу половина час, т.е. додека добе убава боја одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови