Маамоул - ситни ориентални колачи
Ориентални пишуваше на самото пакување на калапот, а како за прв пат се сретнав со ваков калап на омотот си пишува рецепт, се преведе и решив да пробам и вкусам и јас нешто од ориентот. Да, ми се допагаат. Зошто да не пробам нешто и од Ориентот кога овој калап ми го понуди како на тацна принесен, а на вас драги мои-топло ви го препорачувам.
Подготовка
1. Стопете го маргаринот и оставете да се олади (значи 1/2 чаша стопен и оладен маргарин одмерете).
2. Во поголем сад со 1 лажица млака вода активирајте го квасецот. Додадете го екстратот од портокал , јајцето и стопениот путер. Додадете го гризот и измешајте, додадете шеќерот и нотката сол, измешајте со бркалка. Сега додадете го брашното и измесете го добиеното тесто. Тестото ќе е трошливо, но кога ќе го стиснете во раката треба да остане компактно. Доколку сеуште се рони, додајте уште малку вода за да се постигне нетрошливо тесто. Покријте го и оставете да одстои околу 1 час.
Фил
1. Во процесор смелете ги урмите, додајте ги оревите и продолжете со процесирањето, засладете по ваш сопствен вкус. Не мора да го испочитувате рецептот, додадете 1 лажичка портокалова есенција, измешајте да се сите овие состојки спојат. Ќе добиете фина и вкусна смеса од која ќе можете да направете помали топчиња кои е потребно да бидат на број толку колку што ќе има делови од тестото.
Постапката
1. Поделете го тестото на еднакви делови. Земате едно парче од тестото и на дланката сплескајте го, вметнете во калапот кој предходно сте го премачкале со зејтин за да се полесно вадат колачињата, обложете со тестото калапот, ставете едно топче од филот, затворете со краевите од тестото, откако ќе ги наполните калапите, свртете го и со мал удар на работната маса веќе оформените колачи ќе излезат. Натаму се исто додека не го потошите целото тесто и фил. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Се печат во предходно загреана рерна на 180-200 степени околу 20 мин. односно се додека не забележите дека веке се лесно заруменети.
Испечени посипети ги со шеќер во прав.
Е тоа е тоа!
СОВЕТ- Во оригиналниот рецепт за фил е предложено лупени печени несолени ф,стци, но како потешко доагам до нив, не ја мислев многу околу замената, користам ореви кои предходно ги подпечувам заради подобриот шмек, додавам малку и мед, а доколку сте си спремале од мајските трендафили „Ружина водичка„ - замената за портокаловата есенција е одлична или пак количината ја поделам, сатавам и од двете ароми.
Открив дека некако полесно ми дојде да секој дел од поделеното тесто го втиснам во калапот, направам со лажичката го втиснам околу зидовите на самата модла при што се направи и отворот во кој го вметнам топчето фил, тестото кое при втиснувањето на зидовите дојде над рабовите го вратам назад и со лажичката го добро измазнам... така ми дојде полесно за работа.
Тестото со неговата структура и текстура ме подсетува многу на тестото од ванилиците наши што си ги правиме со свинска маст, така да ништо чудно да почнам и по тој рецепт да правам, односно да нашите ванилици ги претворам малку и во Маамоул, па нека станат малку и тие ориентални...
Да не заборавам да кажам, правам 1/2 од количините напишани во рецептот.
Од току ногу пишување - да се надевам дека нешто не сум пропуштила.
1 чаша = 240 мл.
Лиценца: Сите права се задржани
Ovie kolacinja, koga prv pat go kupiv istoto kalapce, gi napraviv po istiot recept, toj od opakovkata... ama maka macev da gi izvadam, cela zgrada mislese deka kaj nas se rusi nekoj zid :))) od tolku lupanje po rabotnata masa... i se otkazav... Pozdrav Lilus :)
се шегувам, се збунило нешто девојчето, ништо страшно, се' се среди ;)