Лиснати стапчиња со спанаќ
Се става квасецот во малку вода и 2-3 лаж брашно да нарасне. Одкако ќе нарасне се става во брашното и се додаваат солта, шеќерот и маслотот и се замесува тесто.
Потоа тестото се дели на 8 топчиња, од кои од секое топче се сука мало кругче.
Врз секое кругче се ренда маргарин, освен на последното.
Потоа се ставаат кругчињата едно врз друго, а врз четвртото се става издинстаниот спанаќ, по желба може да биде и сирење, и врз него се ставаат останатите.
Од вака споените кругчиња се расукува кора во дебелина од 5 мм.
Се сечат ленти по должина и се врткаат.
Се редат во подмачкан плех и се премачкуваат со јајце и се посипуваат со сусам.
Се печат на 220 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови