Брзи и многу вкусни лиснати ролнички, кои се јадат во еден здив.
За овој рецепт ви е потребно 500 гр лиснато тесто, кое го оставаме да се одмрзне, и потоа од него сечеме долги ленти, од оваа грамажа мене ми излегоа 9 ленти.
Секоја лента малку ја развлекуваме со сукало, ја мачкаме со ајвар, ставаме лента сланина, од кашкавалот кој исто така е сечкан на ленти, па лентата ја виктнаме во ролничка, ја ставаме во хартиено корпе од тие за мафини што се и ги печеме во стандардниот калап за мафини. Постапката ја повторуваме и со останатите ленти, откако ќе ги замотаме сите, од горе наросуваме по малку оригано и печеме во загреана рерна додека не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови